Метатет, студиото за архитектура и дизајн беше формирано во 2012 година од Елена Мартиновска во Скопје, Македонија.

Елена дипломираше на Архитектонскиот факултет на УКИМ во 2008 година и поседува овластување Б за проектирање, издадено од Комората за овластени архитекти и инженери под Министерството за транспорт и врски на Македонија. Нејзината идеја за ова студио произлезе од неколкугодишното искуство во различни области на архитектонската работа за поголеми компании, што се однесуваат на креативниот процес на планирање, дизајн и проектирање.

Мисијата на Метатет студио доаѓа од работното искуство за различни типови на луѓе и клиенти, со цел да се модифицираат нивните соништа, потреби и очекувања во концепт кој би бил конструктивен и најлесен за изведба. Најважното е да се слушаат клиентите, да се разберат нивните потреби и да се види дизајнот како елегантна форма на решавање на проблемите преку рафинирани методи, истражување и знаење.

Од концептуалниот дизајн преку конструкцијата Метатет е посветен на обезбедување на вискоквалитетни архитектонски и дизајнерски услуги.

Метатет студио се обидува да креира фини архитектонски дела кои во исто време се рационални, практични и функционални. Блиската соработка со клиентите е примарна, за што се нуди персонализирана услуга почнувајќи од концептуалниот дизајн до крајот на процесот на конструкција, во согласност со буџетот и физичките барања на клиентот.

Студиото не е ограничено на еден стил на дизајн, една гранка или временски период. Софистицираноста на физичката средина и различните идеи на клинетите бараат високо ниво на флексибилност.

Симнете ја Метатет Лого колекцијата