Кодарт нетворк

Кодарт Нетворк www.codeart.mk е македонска програмерска куќа која поради зголемениот број на работни места се смести во нов и поголем простор за којшто не ангажираше да го осмислиме и дизајнираме. Новиот работен простор се простира на три нивоа. Најголем акцент е даден на приземјето коешто е заеднички простор за дружење на вработените. Подот е обложен со тепих во четири бои кои продолжуваат преку ѕидовите и плафоните кадешто се раздвоени со лед ленти како секоја боја би била посебно поле.
На првиот кат исто така е применет истиот под додека пак на ѕидовите е поставен графички дизајн во којшто доминира логото на Кодарт. Овој го дизајн креираше нивен вработен.
Целиот работен простор е оплеменет со многу зеленило за да има попријатна работна атмосфера.
За тимот на Метатет студио соработката со Кодарт нетворк претставуваше вистинско задоволство.

Автор

  • Елена Мартиновска, диа

3д визуелизација

  • Славица Макаровска, миа

Статус

  • Реализација во тек