Хотел и ресторан Дениција (ентериер)

Метатет студио учествуваше во комплетното осмислување на просторот од самото отпочнување на градење на овој објект до пуштењето во употреба на истиот, како и во брендирањето коешто завзема најважно место во ентериерот.
Инспирацијата за името на овој ресторан доаѓа од македонската “Химна на љубовта” – безвремената Дениција од Петре М. Андреевски. Две строфи од песната Дениција се поставени со бронзени букви на фронталниот ѕид во салите.
Концептот на ентериерот е бронзени детали произелени од логото како и детал од црн мермер во сивиот подиум, додека пак долгиот ѕид што се провлекува во двете сали е обложен со специјално дизајниран принт за оваа позиција.
Отворот од шанкот е исто така со бронзен детал, овојпат огледало со фазета на краевите. Полиците во шанкот се со розева боја на иверка којашто се провлекува низ “женските” простории од објектот како женските тоалети, невестинскиот тоалет и канцеларијата на менаџерката за прием на младенците.
Најпречатливо е фоајето на хотелот чијашто рецепција е направена од оникс со скриено светло, како и ѕидот со специјално дизајниран принт со мотиви од природа како би му дал свежина на просторот.
Собите за сместување на двата ката се сите различни како овој објект би бил уште поинтересен за посета.

Автор

  • Елена Мартиновска, диа

Фотографија

  • Васе Петрески Аманито

Година на реализација

  • 2018