3д визуелизација на Хотел-Ресторан Дениција

Оваа визуелизација претставува приказ на тоа што се планира да се изгради. Објектот Дениција е продолжение на успешната приказна на ресторан Везилка од 2014 година. Именуван е според легендарната македонска песна “Кога ја љубев Дениција” на Петре М. Андреевски.
Ресторанот располага со голема и мала сала коишто имаат можност да се спојат во една со капацитет до 350 гости, а имаат сопствени тоалети и гардероба. Покрај рестораните, објектот содржи и кујна на две нивоа, магацински простории во подземното ниво, канцеларија, фоаје со рецепција, тоалети и бар, како и две нивоа на соби за хотелско сместување на гости.
Како на сите проекти на Метатет студио, така и овде е посветено особено внимание на осветлувањето коешто ја креира крајната слика на ваков тип на простор. Користени се внимателно одбрани материјали како мермер, гранит, алуминиум, а акцентот на декорот како и на брендирањето е на бронзените детали. Задржан е концептот од ресторан Везилка, калиграфски приказ на песната Дениција на највоочливиот ѕид во ентериерот, како и на логото на подиумот кајшто се игра првиот танц на младенците.
Овој пат се користени почисти и поедноставни форми како би го задржале минимализмот којшто е одлика на Метатет студио, но сепак се вметнати префинети детали за да би го направиле поотмен објектот како што доликува на ваков тип.
Хоетел-ресторанот Дениција располага со сопствен паркинг и е осмислен по сите прописи и стандарди како и ресторан Везилка. Сите простории се пристапни и за инвалидизирани лица. Исто така има паркинг за 100 возила.

Автор

  • Елена Мартиновска

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова

Година на реализација

  • 2018