Ентериер за викенд куќа 2

При уредувањето на овој простор се мешани повеќе стилови, од кои најдоминантен е колонијалниот заради кујната, која се наоѓа на највоочлива позиција. Модерните елементи што се дел од овој ентериер, како лустерот над трпезариската маса, чијшто кабел излегува од поместена розетна, и ѕидот од тула, кој е обоен во бела боја, сосема ненаметливо го прават просторот разигран и еклектичен. Највпечатливи се скалите, на чијашто кружна форма се надоврзуваат кружната трпезариска маса и кружниот лустер врз неа, а нивната поставеност е таква што воопшто не пречат во секојдневните активности.
Во дневниот престој доминира белата боја, додека во спалната соба и во бањата се провлекуваат повеќе нијанси на сино, како симбол на свежина.
Целта на овој проект беше да се создаде простор со пријатна атмосфера, во кој ќе се ужива далеку од градскиот метеж.

Автор

  • Елена Мартиновска, дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Локација

  • Горно Нерези, Скопје

Година

  • 2013