Излог кујна

Оваа кујна е осмислена за потребите на излог моделите за фирмата за столарија Уника дизајн, којашто е наш долгогодишен соработник. Моделот ќе биде изложен во нивниот салон кадешто заедничките клиенти ќе можат да ги видат идеите и можностите на дизајнерот и на производителот. Материјалите што се користени се модерни, како на пример медијапан обоен во антрацит и темно сина боја, фурнир орев, како и огледало дизајнирано со фазета. Во високиот дел од кујната е винаријата којашто е веќе препознатлив дизајн на Метатет студио.

Автор

  • Елена Мартиновска, диа

3д визуелизација

  • Маријана Николовска, миа

Година

  • 2018