3д визуелизација на Кафе-слаткарница Карамел

Кафе-слаткарницата Карамел во Битола е дизајнирана во индустриски стил којшто го дефинираат користените материјали како бетон обработка, дрво и железо. Шанкот завзема централна позиција и е со посебен акцент заради плафонот со препариран мов односно поларни лишаи коишто му внесуваат свежина на целиот простор. Исто така многу впечатливи се ѕидните плочки коишто со својата геомертија совршено се надоврзуваат со геометријата од лицето на шанкот. Најавангарден момент е централниот столб којшто е обложен со димано стакло обработено со фазетни.
Целиот мебел со кафетеријата е внимателно одбран како би формирал пријатен амбиент.
Метатет студио исто така ја оформи и сликата на терасата со тоа што се вградени масите и столчињата на дрвениот дел од фасадата на којшто се планира да има зеленило и од двете страни.
Се надеваме битолчани ќе уживаат во дизајнот на тимот на Метатет студио.

Автори

  • Елена Мартионвска, диа
  • Маријана Николовска, миа

Соработник

  • Славица Макаровска, миа

Статус

  • Реазлизиран во 2019