Приватен стан 11

Водечко во концептот за дизајн на овој простор е да се задоволи барањето на инвеститорот просторот да биде функционален за повеќечлено семејство. За таа цел се предвидени повеќе места за седење, како големата удобна гарнитура, клупата покрај трпезариските столови, фотелјите покај скалите и перниците пред каминот на дрва, којшто е во централниот дел за да создаде уште потопол амбиент.
Карактеристичниот стил на Метатет студио се препознава по природните материјали, како стара црвена тула, којашто е извадена при реконструкцијата на истата куќа, бакарни цевки за парното, фурнир орев, шарените подни плочки во кујна, како и бетонска обработка на ѕидот зад телевизорот. Изборот на мебел и осветлувањето во индустриски стил се направени заедно со инвеститорот, чијшто префинет вкус одлично се вклопи во целиот наш план. Исто така, на ѕидот до трпезариската маса е планиран отпечаток од негова професионална фотографија, којашто уште повеќе го освежува просторот.

Автор

  • Елена Мартиновска

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова

Статус

  • Во изведба