Стан бр.17

Овој стан е уреден во скандинавски стил со цел да има што помалку мебел и да биде удобен и модерен. Особено внимание е посветено на кујната којашто кон трпезаријата продолжува преку винарија до полицата за книги чијшто дизајн е карактеристичен за Метатет студио. Трпезариската маса е од масивно дрво-орев и е со многу едноставен дизајн на метални ногари. Столчињата е во сива боја а само едно отскокнува во окер нијанса. Пријатниот амбиент на овој простор го дефинира изборот на бои, односно белата во комбинација со даб, а на одредени позиции се појавува тиркизната боја како омилена на инвеститорот со којшто беше вистинско уживање да се работи.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Соработници

  • Сандра Костадинова, дизајнер
  • Маријана Николовска, М-р Арх.
  • Марта Петрушевска

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова, дизајнер

Локација

  • Скопје

Година

  • 2017