Приватен стан 7

Уредувањето на овој простор беше вистински предизвик заради креативноста на инвеститорката-млада и урбана девојка која совршено се надоврза на идејното решение за ентериерното уредување на нејзиниот простор. Користени се материјали со природни бои за да се достигне удобноста потребна за станбен простор. Од истата комбинација на материјали се дизајнирани кујната и шанкот, комодата и плакарите во влезната партија на станот. Комодата за телевизор е со специфичен дизајн специјално осмислен за да се пополни просторот од страна и до централната греда. За таа цел е слеана со полица за книги и цвеќе во горната зона. На истата е поставен и стар грамофон со два дрвени звучника. Дизајнот на гарнитурата и старата претапацирана фотеља се сосема ненаметливо вклопени во овој простор, како и масичката од палета којашто претставува идеја и реализација на инвеститорката.
Плакарот во ходник е надополнет со принт од фотографија од расцветана цреша. Другиот плакар во ходникот е надоврзан со понизок дел со перниче за седење и жардињера со свежо цвеќе која го освежува просторот.
Важно е и да се напомене дека триптихот слики во дневната соба се од македонската дизајнерка Нина Симовска, а часовникот е од дизајнерот на ѕидни часовници Карло Хорват.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Автор

  • Елена Мартиновска

Година на реализација

  • 2014