Ресторан за свадби „Везилка“ (ентериер)

Архитектот имаше целосна слобода во изразувањето на своите идеи, така што во координација со изведувачот-инвеститор беше осмислен целосниот изглед на овој простор за настани, вклучувајќи ги називот и логото. Инспирацијата при дизајнирањето на овој простор е од традиционалниот македонски вез во модернизирана варијанта. Логото е прикажано најдраматично на подот на подиумот, со тоа што е вградено од гранит и од мермер. Остатокот од подот е направен од дискретни модули од кршен гранит и мермер вметнати во бетонска ризла. Особено внимание е посветено на дизајнот на тоалетите тргнувајќи од подните плочки, кои асоцираат на македонскиот вез, до осветлувањето, кое е највпечатливо во женските тоалети. Приватниот простор за невеста е со одвоен пристап и е во бела боја со розови детали.
Во помалиот ресторан во објектот на централниот ѕид рачно е испишан од професионален калиграф еден стих од песната Везилка од Блаже Конески.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Локација

  • Бул.Борис Трајковски бр.147 Скопје

Интернет адреса

  • www.vezilka.com

Година

  • 2014