Комерцијален објект „Инбокс“

Ентериерот на овој деловен простор беше осмислен во релативно краток рок и целосно во стилот на Матетет студио, што подразбира топол амбиент. Концептот беше тесната и долга канцеларија да биде различно уредена во дваата дела, за да би добиле чувство дека се наоѓате во две различни простории. Подот ги соединува двата контрасти со тоа што од едната страна е бродски под а од другата керамички плочки во шестоаголна форма со текстура на мермер сивец. Најинтересниот момент е нивното спојување коешто е во неправилна линија. Бродскиот под продолжува и по целата висина на ѕидот на кој се наоѓа логото на компанијата, додека пак од другата страна имаме жолт ѕид и полици со плексиглас во различни бои.
Како за секој клиент, и за овој конкурс посветивме особено внимание на дизајнот на осветлувањето.

Проект

  • Идејно решение за приватен конкурс

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова, дизајнер

Локација

  • Општина Илинден, Скопје

Интернет адреса

  • www.inbox.mk

Година

  • 2016