Станбен објект 7

Дизајнот на овој објект е според барањата на инвеститорот, да биде модерен објект налик старомакедонска куќа. Затоа кровот е кос и е од керамида којашто е одбрана да биде антрацит сива за да би дало модерен изглед. Столаријата се планира да биде од алуминиум исто така во антрацитна боја. Фасадата е оставена бела за да би имало контраст со антацитната боја на кровот и стреите, а терасите се обложени со дрво-даб за да би и дале топлина на целата слика. Главниот влез којшто е планиран да биде во центарот на објектот се планира да биде обложен со кршен камен, детал којшто не се повторува на друго место.

Особено внимание обрнавме на осветлувањето на фасадата како и на зеленилото во дворот.

Проектирањето на овој објект беше несекојдневен предизвик бидејќи задниот дел е потпрен врз претходно изработен потпорен каскаден ѕид од камен. Исто така објектот во основа има форма на бумеранг што дополнително ни го отежна процесот на изготвување на техничката документација на истиот, меѓутоа резултатот е повеќе од задоволителен.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Соработник

  • Ивана Пекевска, М-р Арх.

3д визуелизација

  • Ивана Пекевска, М-р Арх.

Локација

  • Крива Паланка

Година

  • 2020