Станбен објект 1
Објектот е наменет за станбено домување. На приземјето има дневен престој и тоалет од 79 м2, а на поткровјето спални соби со бањи и тераси од 59 м2. Планиран е и подрумски простор од 35 м2, кој ќе има внатрешен пристап.
До објектот се пристапува од три страни. Впечатлива е дрвената платформа покрај базенот, до која, исто така, се пристапува од повеќе страни. Детските спални соби имаат тераси со стаклена ограда и поглед кон базенот, а родителската спална соба е во задниот дел и има сопствена бања и гардеробер.
Галеријата, преку чија целосна висина поминува оџакот од каминот, му дава пространост на ентериерот, а губењето енергија е спречено со покривот кој е искосен во обратен правец од останатиот дел од објектот.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
3д визуелизација
- Александар Ивановски, Дипл.инж.арх.
Локација
- Општина Ѓорче Петров, Скопје
Година
- 2013