Идејно решение за Конкурс за градинка

Концептот на овој објект настана според вечно нерешената проектантска дилема “Формата ја следи функцијата или функцијата ја следи формата?” Во овој случај функцијата ја следи формата, бидејќи првичната идеја настана од разиграна и шарена фасада на градинка којашто ќе им биде привлечна на децата и со радост ќе сакаат да ја посетуваат истата секој ден. Во тој контекст почна разработката на проектната програма така што на предната и задната фасада ќе се добие слика од пет куќички во различни пастелни бои со различни кровови.
Изборот на бои е сина, зелена, виолетова, жолта и црвена, почнувајќи од десно кон лево. Двете бои што се први од лево (црвена) и десно (сина) ги следат и страничните фасади коишто впрочем се еднобојни и на некој начин ја смируваат фасадата во целост. Рампата којашто се наоѓа од северната страна исто така е слеана со фасадата и од нејзината висока страна продолжува истата боја од задната страна.
Што се однесува до ентериерот исто така е запазен концептот на повеќе бои со тоа што од една точка од подот на холот се шири поголем спектар на бои во триаголни форни кои пак се качуваат по преградните ѕидови преку двете нивоа.
За жал, ова решение не беше наградено од страна на стручното жири.

Автори

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
  • Маријана Николовска, М-р Арх.

Соработници

  • Милица Савеска, М-р Арх.
  • Емилија Ланговска, М-р Арх.

Локација

  • Општина Чаир, Скопје

Година

  • 2018