Стан бр.18
Овој стан преставуваше несекојдневно доживување за нашиот тим. Дизајнот на целиот простор е инстипириран од Инвеститорката којашто се импресионира од се што е асиметрично и со неправилна форма. Целата приказна започна од аспираторот којшто е редок тип на модел на нашиот пазар, продолжува со ромбоидни ѕидни плочки во кујна и продолжува кон остатокот од просториите.
Подот исто така е редок тип на модел, односно секое парче е со криви страни и личи како рачно изработен. Користени се материјали како метал, медијапан и масивно дрво.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
3д визуелизација
- Сандра Костадинова, дизајнер
- Славица Макаровска, M-р Арх.
Фотографија
- Ана Малјановска
Локација
- Скопје
Година
- 2019