Колекција ламби “Танцот на светлината”
Колекцијата амбиентални ламби „Танцот на светлината“ е рефлексија на интересот на авторката за осмислување на светлечките детали при уредувањето на ентериерот. Ламбите преку својата специфична форма, која е поврзана со дрвото како симбол на природата, внесуваат топлина во просторот и претставуваат уникатен визуелен акцент. Тие се комбинација од природен материјал и метал со цел да се вклопат и во модерно и во класично уреден простор.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
Фотографија
- Андријана Тилиќ
Локација на изложби
- Недела на дизајн 2012, Куршумли Ан, Скопје
- Бела ноќ 2012, Скопје
Година
- 2012