Хостел Хај Скопје
Објектот „Hi Skopje Hostel“ се наоѓа во скопската населба Водно и се простира на зелена површина од 600 квадратни метри. Концептот на ентериерот се базира на четирите елементи:
Земја – кафеава и зелена боја во осумкреветните соби, кои се наоѓаат на најниското ниво на објектот.
Вода – темносина боја во шесткреветната соба, која се наоѓа во средното ниво на објектот.
Воздух – светлосина боја комбинирана со жолта како симболи на небото и сонцето во двете приватни двокреветни соби, кои се наоѓаат на највисокото ниво на објектот.
Оган – со портокалова боја со црвени детали е обоена рецепцијата заедно со дневниот престој, кој е заеднички за сите гости и каде што е сместен каминот.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
Површина
- 600 м2
Локација
- Населба Црниче, Скопје
Година
- 2012