(MK) Колекција на мебел од масив „Мори“

Метатет студио преку неколкугодишната работа во проектирањето и изведба на ентериери почна да практикува во секој свој проект да дизајнира и произведе барем по едно уникатно парче мебел.

Инспирацијата за работа со масив произлезе од тоа дека секое парче дрво е единствено и неповторливо, со што целта ни е да создадеме уникатен дизајн. Така произлезе соработката со Морикрафтс и заедничката колекција ја нарековме “Мори” поради симболиката која на јапонски означува шума и историјата на авторот поврзана со насловот. Колекцијата се состои од парчиња мебел како и додатоци за секојдневна употреба во домот. Секое парче дрво е внимателно одбрано и рачно обработено следејќи ги светските трендови на обработка мебел од масив.

Секој од производите може да биде прилагоден на вашите желби и потреби во зависност од можностите.
Контактирајте не на 075/270-448

(EN) фотографија

  • (EN) Андријана Тилиќ