Комерцијален објект „МСБЛ“

Овој ентериер е наменет за странски инвеститори кои работат на подрачјето на Македонија. При дизајнирањето на нивниот амбиент сакавме да постигнеме пријатна работна атмосфера за вработените. За таа цел се користени природни бои како неколку нијанси на кафеава на ѕидовите, а дел од мебелот е сработен со внимателно одбрани материјали од кои особено се издвојува фурнираниот медијапан од орев кој со својата природна декорација ја дефинира сликата за комплетниот дизајн. Како и во секој објект така и овде, особено внимание е посветено на осветлувањето на канцелариите, а најголем акцент е ставен на ходникот којшто нема природна светлина.
Овој ентериер е реализиран за рекордни 15 работни дена.

Aвтори

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
  • Ема Николова, Дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Локација

  • Скопје

Година

  • 2015