Стан бр.3

Идеjата за креирање на овој простор беше да се создаде пријатен амбиент за една модерна и динамична двојка. Декорацијата на ентериерот е изведена преку мешање стилови, како класичен и модерен стил. Тоа е најистакнато во просторот за дневен престој, каде што е поставена дрвена маса за јадење со црн метален лустер над неа, а ѕидот до неа е облепен со речиси незабележителен тапет кој ја разбива монотонијата на белите ѕидови. Додека, пак, во кујната е употребен еден од најновите, најмодерни и најквалитетни материјали што постојат денес – „керок“, а исто така и алуминиумска кант-трака на сите вратички. Тие материјали во целина создаваат еден модерен амбиент, во кој се вклопуваа и плочките што потсетуваат на постаро време. Во тоалетот и во спалната преовладува виолетовата боја, којашто во комбинација со другите употребени бои создава смирувачки амбиент.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Локација

  • Скопје

Година

  • 2013