Ресторан „Везилка“

Ресторан Везилка е беше изграден за рекордни девет месеци, почнувајќи од темел завршувајќи со последниот детаљ од декорот. Се состои од влез со простор за фотографирање со младенците, комплетно покриена летна тераса, внатрешен ресторан, целосно опремени кујна и магацин според сите стандарди, канцеларија, невестински тоалет и машки и женски тоалети. Сите простории се пристапни и за инвалидизирани лица.
Ресторанот има паркинг-простор за 100 возила, како и сервисна улица околу. При влезот во објектот е изведен и кружен тек за паркирање на невестинското возило, како и за фотографирање на младите со целиот објект во заднина.
Што се однесува до зеленилото, терасата е оградена со фотении во црвено-зелена боја, а паркинг-просторот е целосно ограден со чемпреси. Во кружниот тек и просторот за фотографирање е засадено ниско зеленило во црвена и со жолта боја.
Архитектот имаше целосна слобода во изразувањето на своите идеи, така што во координација со изведувачот-инвеститор беше осмислен целосниот изглед на овој простор за веселби, вклучувајќи ги називот и логото. Инспирацијата при дизајнирањето на овој простор е од традиционалниот македонски вез во модернизирана варијанта. Логото е прикажано најдраматично на подот на подиумот, со тоа што е вградено од гранит и од мермер. Остатокот од подот е направен од мермер.
Настрешницата го прави ресторанот Везилка највпечатлив во околината. Таа е прва мембрана од таков тип во Македонија и е изведена во соработка со странска фирма. Дизајнот на мембраната е инспириран од првиот танц на младите, па така личи на два конуса со различни висини накосени еден кон друг.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Андријана Тилиќ

Локација

  • Бул.Борис Трајковски бр.147 Скопје

Интернет адреса

  • www.vezilka.com

Година

  • 2014