Стан бр.20

Овој проект претставуваше задоволство да се работи заради уметничкиот дух на клиентите коишто на дизајнерите на Метатет студио им дадоа насоки со своите идеи и желби, како и целосна слобода во креирањето на нивниот простор.
Во дневниот простор доминира кујната којашто претставува долг и монолитен елемент за да собере што повеќе елементи за домаќинството.
Користени се темни бои како иверка со текстура на бетон, железни полици, темно сина аголна гарнитура како и темно син ѕид како би ги нагласил двете оригинални уметнички дела на македонскито уметник Ване Костуранов.
Детската е скандинавски модел во форма на куќичка со светли бои за да се запази скандинавската линија којашто се провлекува во сите простории. Во оваа соба по барање на инвеститорите се вметнати и карики како и скала за качување по ѕид, што одлично се вклопува во целата приказна.
Овој проект е доказ за уште еден успешен проект на Метатет студио.

Автори

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
  • Славица Макаровска, М-р Арх.

Локација

  • Скопје

Година

  • 2018