Станбен објект 2
Овој објект е проектиран според барањата наведени во Конкурсот за Идејно решение за станбен објект во општина Илинден. Вкупната бруто површина изнесува 78,8 м2, доколку нето површината е 68,4 м2. Кровот е кос под агол од 27 степени и е со керамида. Партерното решение е испланирано така што би имало доволно простор за едно или две возила, за тревник и за овоштарник во задниот дел.
Концептот е наједноставен објект за четиричлено семејство, со доволно простор за сите активности кои се одвиваат во еден станбен објект. Сите простории се димензионирани според архитекторнските стандарди и се доволно осветлени за дневен боравок.
Нажалост, жири комисијата на општината Илинден сметаше дека ниеден од трудовите што се пријавија на овој конкурс не ги задоволува нивните критериуми и сметаше дека за Конкурс за идејно решение е потребно да се достават сите фази за градба (фаза статика, фаза електрика, фаза водовод и канализација).
Автори
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх
- Мирко Батев, Дипл.инж.арх
Локација
- Општина Илинден, Скопје
Година
- 2013