Станбена куќа 5
Овој проект е малку поинаков од останатите проекти на Метатет студио. Се работи за станбен објект на површина од околу 600 м2. Влезот пред куќата е репрезентативен и има нагласени два столба на трите скали. Пред куќата има кружен тек како и можност за паркирање на две возила. Во задниот дел од куќата се наоѓа базенот со дрвена платформа околу како и летна скара и простор за лежалки. Овој простор е поврзан со мини-фитнес сала чиишто врати целосно се отвараат и формираат тесна врска на внатрешноста со надворешноста.
Автори
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
- Славица Макаровска, М-р Арх.
- Маријана Николовска, М-р Арх.
3д визуелизација
- Славица Макаровска, М-р Арх.
Локација
- нас.Визбегово, о.Бутел, Скопје
Година
- 2019