Сала за состаноци, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Уредувањето на салата за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше вистински предизвик за нас. Фокусот е на ѕидот со поларните лишаи коишто се вистинско освежување за овој простор. Врз нив се прицврстени буквите на институцијата од обоен медијапан во црвена боја. Мовот е прицврстен на ѕидот, а околу него се наоѓа внимателно одбрана облога од иверка, како би соодветствувала со подот во целата просторија. Идејата за концептот со зеленило во оваа институција е во тесна врска со името на истата.
Остатокот од просторијата е уреден во модерен и минималистички стил со актуелната антрацит иверица, а осветлувањето е во темен мат метал расвета.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Локација

  • ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје

Интернет адреса

  • www.mzsv.gov.mk

Година

  • 2018