Kафе-слаткарница „Карамел“
Кафе-слаткарницата „Карамел“ во Битола е дизајнирана во индустриски стил којшто го дефинираат користените материјали како бетон обработка, дрво и железо. Шанкот завзема централна позиција и е со посебен акцент заради плафонот со препариран мов односно поларни лишаи коишто му внесуваат свежина на целиот простор. Исто така многу впечатливи се ѕидните плочки коишто со својата геомертија совршено се надоврзуваат со геометријата од лицето на шанкот. Централниот столб е обложен со затемнето стакло обработено со фазетни.
Целиот мебел со кафетеријата е внимателно одбран како би формирал пријатен амбиент.
Се надеваме битолчани ќе уживаат во дизајнот на тимот на Метатет студио.
Автори
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
- Маријана Николовска, М-р Арх.
Соработник
- Славица Макаровска, М-р Арх.
Локација
- Битола
Статус
- 2019