Стан бр.30
Станот број 30 е изработен во стил автентичен на Метатет студио, кој одлично се надоврза со вкусот на инвеститорите. Користени се земјани тонови за да би му дале покомфорен изглед на целиот простор. Кујната е бела со шарени подни плочки, трпезаријата има доза елеганција со композицијата од парчиња бронзеното огледало, додека пак дневната има пастелни бои на двете репродукции на ѕидот и на полицата којашто е препознатлив дизајн за Метатет студио, овојпат во маслинесто зелена боја.
Детската соба овде остави особен печат со мотиви од вселената и со едноставен мебел како миндерот вметнат во плакарот со сива боја.
Автори
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
- Маријана Николовска, М-р Арх.
3д визуелизација
- Маријана Николовска, М-р Арх.
Локација
- Скопје
Година
- 2020