Hotel and restaurant “Denicija”
Метатет студио учествуваше во планирањето и развивањето на проектот на хотел-ресторанот Дениција во целост. Главниот предизвик при изградбата на овој објект беше да се задржи препознатливиот дизајн и квалитет од претходниот ресторан Везилка, како и да се понуди нешто ново. Инспирацијата доаѓа од песната Дениција од Петре М. Андреевски.
Концептот на фасадата е минималистички дизајн во бела и антрацитна сива боја, со детал на огради од перфориран лим обоен во златна платинеста нијанса. Дизајнот на оградата се надоврзува на дизајнот на плафонот во двете сали.
Впечатлива е атиката на понискиот дел којашто е испрекршена како би ја разбила монотонијата на целата слика. Високиот дел е хотелските соби којшто делумно е сив делумно бел. Главниот влез е надополнет со оникс на принцип на open-book како би го направиле влезот уште поимозантен.
Формата и функцијата на просторот ја прават Дениција уникатна. Две сали кои функционираат одделно или заедно со минимален капацитет од 150 или максимален од 350 гости. Простор кој во лето е комплетно отворен и климатизиран, зиме затворен со најсовремена технологија на греење а оваа трансформација е можна за само неколку минути.
Метатет студио како и секогаш, и овде обрна особено внимание на осветлувањето на целата фасада и влезовите како и на внесување на што повеќе зеленило во целата слика.
Author
- Elena Martinovska, B. Arch.
Photography
- Vase Amanito Petreski
Location
- Bul.Boris Trajkovski num.174, Skopje
web address
- www.denicija.mk
Year
- 2018