Стан бр.34
Концептот за дизајн на овој приватен простор е да се внесе свежина и боја во типичниот модерен стил за 2020 година. Користени се трендовски материјали како бетонска ѕидна обработка, медијапан, метал и текстил во сива боја. Во кујната пак приказната започнува од зелениот декоративен аспиратор од којшто произлезе зелената нијанса на медијапанските вратички и на текстилот на трпезариските столчиња. Додадовме и геометриски дизајн на подните плочки во кујна за да го постигнеме еклектичниот изглед којшто спонтано прерасна во главна карактеристика на Метатет студио.
Како и на изминатите проекти, така и овде, оставиме простор и за уметноста, овојпат искористивме фотографија од актуелната изложба на патувачка фотографија „Таму“ на Милчо Манчевски.
Автори
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
- Ивана Пекевска, М-р Арх.
3д визуелизација
- Ивана Пекевска, М-р Арх.
Локација
- Скопје
Година
- 2020