Комерцијлен простор „Феникс Нова“

ФЕНИКС НОВА е современа и иновативна компанија, чија основна цел е на фирмите да им понуди различни видови на услуги, со кои ќе им го олесни секојдневното работење и ќе им ги намали трошоцитe. Името на компанијата доаѓа од митолошката птица феникс (Latin: phoenix, phœnix, fenix) и појавата нова. Феникс е долговечна птица која циклично се регенерира и реинкарнира. Бидејќи птицата е поврзана со сонцето фениксот добива нов живот воскреснувајќи од пепелта на претходникот.
Нова е катаклизмична нуклеарна експлозија предзвикана од натрупување на водород на површината на звезда која е бело џуџе, што предзивикува ненадејно осветлување на звездата.
Со оглед на тоа што реализацијата на овој бренд има приказна, Метатет студио се надоврза на идејата на инвеститорот и ги осмисли просториите на ист начин. Канцелариите за младиот тим на оваа компанија се испланирани така да би можеле брзо и лесно да си ја извршуваат работата. Влезот е бојадисан со интензивна зелена додека пак ходникот е со бетонски ѕидови и ладно бели ленти диоди на плафонот со цел овие две пролазни простории да бидат контрастни една на друга. Простоиите за вработените се со потопол амбиент и со принтови на ѕидовите. На сите ѕидови има мотивациони пораки за да би го потенцирале мотото на оваа компанија “ЗАДОВОЛНИ ВРАБОТЕНИ И ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ СЕ КЛУЧОТ НА УСПЕХОТ” и секако да им направат подобар амбиент на вработените.
Изведбата на ентериерот беше за рекордни 20 дена.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

Фотографија

  • Владимир Секуловски

Интернет адреса

  • www.novaoffice.mk

Локација

  • Скопје

Година

  • 2016