Станбен објект 3

Целта на овој проект беше да се уреди дворната површина и да се дизајнира фасадата на веќе изградената карабина по барање на инвеститорот. Користени се природни материјали како речен фасаден камен, фасадна дрвена облога, габиони во задниот дел наместо бетонски потпорен ѕид, како и дрвена ограда од три страни.
Базенот е планиран да биде една пливачка лента со плиток дел на почетокот кајшто се поставени и скарата и лежалките. Влезната партија е предвидена со камени газишта со нешравилни форми слободно поставени врз трева да ги надрасне од страните.
Габионите се појавуваат и на фронталната фасада во комбинација со дрвената ограда и стаклените топки за осветлување.
Паркинг местото е покриено со напрегната мембранска констукција.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Александар Ивановски, Дипл.инж.арх.

Локација

  • Делчево

Година

  • 2016