Стан бр.5
Овој простор е проектиран за урбана млада двојка со префинет вкус. При уредувањето на овој стан немаше потреба да се внесува светлина во просторот затоа што неговата местоположба го прави светол во секој дел од денот.
Но, затоа, пак, особено внимание е посветено на распоредот на боите во посторот, така што сите бои се одбрани внимателно и се сродни една со друга. Смелоста на инвеститорите дозволи експерименти како, на пример, полица со голема димензија, во која требаше да се смести дел од многуте книги што се наоѓаа во станот пред тој да се реконструира. Исто така, впечатлив момент претставуваат и трите светилки во различни бои коишто се закачени одделно од розетната и се центрирани врз трпезариската маса. Направена е и голема интервенција на плафоните во сите простории поради нестандардно големата висина на катот, што, пак, му дава посебна убавина и светлина на просторот. Модерните елементи во просторот во комбинација со обновените маси и столчиња, како и класичниот тепих во дневниот престој, оставаат впечаток на винтаж, кој е еден од омилените стилови на дизајнерот, но и на инвеститорите.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
Фотографија
- Андријана Тилиќ
Локација
- Скопје
Година
- 2013