Ноќен клуб “Сектор 909” (сегашно Епицентар)
Овој проект опфаќа реконструкција на ентериерот на зимскиот ноќен клуб „Сектор 909“, која беше направена во 2010 година. Најголемиот зафат беше рушењето на постојниот шанк кај левиот ѕид и поставувањето нов во централниот дел. Новата конструкција е изведена од тули кои се поставени така што пропуштаат светлина од заднопоставеното осветлување. Исто така, извршено е и отстранување на неколку нивоа и поставување скали со подест. На новооформениот подиум е поставен и новоконструиран диџеј-пулт од перфориран лим со скриено светло.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
Фотографија
- Мартин Спасовски
Локација
- Центар, Скопје
Година
- 2010