Програмерска компанија „Кодарт“
Дизајнот на ентериерот за Кодарт произлезе од нивниот пристап кон работата како кон релаксација и уживање. Просторот се простира на три нивоа.
Приземното е заедничкиот простор за опуштање, за јадење, за играње пинг-понг, видео игри и други друштвени игри. Затоа на ова ниво се користени пастелни бои како сина, зелена и жолта кои се имплементирани на под, ѕид и плафон.
Средното ниво е за работа кадешто употребивме малку посмирени бои, како не би им одвлекувале внимание од работата. На најголемиот ѕид е поставено логото во препариран мов што се надоврзува на остатокот од зеленилото во сите простории.
На поткровјето се просториите за состаноци и делумно за работа кадешто има ѕидови од цигла кои се задржани од постоечкиот објект.
Како на сите објекти, така и во Кодарт обрнавме внимание на осветлувањето особено на приземјето што го направи просторот уникатен како што доликува на компанија како оваа.
Беше вистинко задоволство да се работи во толку релаксирана атмосфера.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
3д визуелизација
- Славица Макаровска, М-р Арх.
Фотографија
- Андријана Тилиќ
Локација
- Бул.Илинден бр.67, Скопје
Интернет адреса
- www.codeart.mk
Година на реализација
- 2019