Кафе-ресторан “Минт”

Овој угостителски објект е лоциран во центарот на Крива Паланка. Со својата модерна стаклена фасада со клизен систем се простира на три страни, кон градскиот парк и стариот плоштад.

Дизајнот на овој простор се разви преку гранитните геометриски подни плочки кои ја следат фреквенцијата на движење од влезот кон шанкот. Високиот дел пред шанкот ја пресликува гаометријата од подот со бои и е додадено огледало и скриено светло.

Ѕидовите на влезот се обложени со иверка налик светол даб и со рачна ѕидна обработка од другата тсрана на која е имплементирано логото Минт на префориран лим.
Просторот со седење изобилува со неколку различни типа на седење, високи шанк маси на двата агли со убав поглед, коњопои на средината, едно сепаре, маси за 6 луѓе, како и нашиот омилен дел со класичен стил тросед и неколку фотељи поставени на тепих.
Тоалетите се со иста геометриска плочка на подот и во машките и во женските простории, додека пак остатокот е во розева и зелена боја.

Како на сите проекти, така и на овој Метатет обрна особено внимание при решавањето на осветлувањето и озеленувањето на просторот.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Анета Мицевска, дизајнер

Локација

  • Крива Паланка

Година на реализација

  • 2020