Стан бр.12

Идеата за решение на овој семеен простор е да се добие што повеќе простор за слкадирање а воедно да не ја наруши сликата на модерен стан со пријатна атмосфера за секојдневен боравок. Целата столарија е специјално дизајнирана за овој простор а боите се внимателно одбрани како би се задржал концептот на Метатет студио за користење на природни материјали во комбинација со тековните трендови од областа на ентериерниот дизајн.
Во кујната покрај темно кафената боја се појавува портокалов елемент за зачини, доколку пак во дневната ѕидот е обоен со специфична сина нијанса како би дошле до израз уметничките дела кои се сопственост на инвеститорите.
Главниот акцент е на комодата за телевизорот којашто е слеана со плакарот кај влезот како би пропуштила светлина во ходникот, а во исто време би ги сместиле сите книги во предниот дел. Позади неа ѕидот е планиран да биде бетон обработка.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова, дизајнер

Локација

  • Скопје

Година

  • 2017