Стан бр. 25

Ова е еден од ретките дизајни на ентериер во индустриски стил на Метатет студио. Тргнувајќи од ведриот дух на младата двојка во чијашто сопственост ќе биде овој простор, и водејќи се заедно во целиот процес на дизајнирање, се роди ова катче за заеднички боравок и дружење на нивното младо и динамично друштво.
Користени се материјали како железо, цигла, жлебан медијапан и други, коишто го дефинираат индустрискиот стил, а просторот е надополнет со поп арт постери, ретро елементи како звучници, грамофон и фотеља со дизајн од седумдесетите што го прават уште попријатен амбиентот на целиот дневен престој. Кујната со плочките редени како рибина коска и со изборот на тиркизната боја во долната зона, додатно го освежуваат просторот воедно задоволувајќи ги сите функции.
Ни беше задоволство да бидеме дел од процесот на дизајн на овој приватен простор.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Маријана Николовска, М-р Арх.

Локација

  • Скопје

Година

  • 2019