Стан бр.15
Дизајанот на овој простор беше голем предизвик за Метатет студио, бидејќи беше воден од перцепцијата за естетика на инвеститорката со којашто беше вистинско уживање да се работи. Нејзиниот стил се одликува со едноставност и удобност па затоа одлучивме на просторот во којшто таа ќе живее, покрај решавањето на функционалноста и удобноста да му дадеме скандинавски акцент. Оваа идеја произлезе од нејзината желба за светол простор без многу мебел, што за нас е вистински предизвик, бидејќи можевме да се фокусираме на креирање детали како миндерот, необичната петролеј гарнитурата под тап агол, дизајнерските масички и ламба (парчиња од наградената колекција Trikon на архитектката Ема Николова), уметничките слики “Tvoje je lice kao tajna” и “Dobro ti jutro more” од хрватската уметница Мирна Сишул, полицата во улога на параван кај влезот, огледалото во ходник со рамка со сијалици, романтичниот стил во спалната соба и едноставноста на кујната.
Автор
- Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
Соработник и дизајн на маси и ламба {trikoN}
- Ема Николова, Дипл.инж.арх.
Фотографија
- Андријана Тилиќ
Фотографија и објава
- Теа Модерна (април 2017)
Локација
- Скопје
Година
- 2016