Станбен објект 6

Овој станбен објект е осмислен и нарачан од Инвеститорот како модерна и минималистичка куќа само на приземно ниво со чисти форми. Дизајнот е два кубуси во бела и антрацитна боја со детали од масивно дрво како на пример влезната врата. Додадено е ограда од калено стакло на тремот на којшто се излегува од дневната соба, а метална ограда кај скалите на влезот со ист дизајн како на натстрешницата. Исто така, ролетните на спалните соби се движечки метални вертикални брисолеи.
Што се однесува до распоредот на просториите, во белиот кубус се сместени гаражата и просториите за дневен боравок, а во антрацитниот се спалните соби, сауната и бањите.
Метатет студио како и на секој проект, и овде обрна особено внимание на осветлувањето на фасадата и дворот.

Автор

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.

3д визуелизација

  • Маријана Николовска, М-р Арх.

Соработници

  • Ивана Пекевска, М-р Арх.
  • Маријана Николовска, М-р Арх.
  • Икра Зули Инж.арх.

Локација

  • населба Сопот, општина Свети Николе

Година

  • 2019