Дизајн на фасада “Јафа Мол”

На овој проект Метатет студио имаше ангажман само на фронталната фасада којашто е најважна за имиџот на објектот, како од естетски аспект така и од функционален.
Одбравме да работиме со структурална фасада со темно стакло за да овој објект биде модерен а композитниот материјал го одбравме да биде со текстура на дрво, во случајот орев за да му даде топлина и живот на објектот и да ја разбие стерилноста на ладните материјали. Најголем акцент има на двата столба кои ја дефинираат влезната партија преку формирање на жардињери за зеленило, во случајот бамбус. Исто така овие два столба се закосени кон врвот за да ја нагласат и средната тераса од ресторанот на кровот на којашто исто така е планирано зеленило.

Автор

  • Елена Мартиновска, диа

3д визуелизација

  • Сандра Костадинова, дизајнер

Година на реализација

  • 2017