Стан бр.23

Овој стан е дизајниран за динамична девојка којашто целосно ни го препушти дизајнот во наши раце, за на крај резултатот да биде подобар од очекуваниот.
Единствената насока за Метатет студио беше да преовладува сива боја со розеви детали.
Во дневниот престој фокусот е на ѕидот позади телевизорот којшто не е поставен бидејќи се сметаше за непотребен, како и во кујната во којашто розевите ѕидни плочки се облепени и на столбот при самиот влез.
Нашиот омилен дел од целиов простор е вметнатата уметничка слика во креветот во спалната соба којашто е слеана со остатокот од ѕидот како и самиот кревет.

Автор

  • Елена Мартиновска, диа

3д визуелизација

  • Славица Макаровска, миа
  • Маријана Николовска, миа

Фотографија

  • Ана Малјановска

Година

  • 2019