Спа-центар во хотел „Паинт ит блек“

Овој проект е изработен за потребите на хотелот Паинт ит блек во Гевгелија, кадешто ги дизајниравме сите содржини на спа-центарот: џакузи, солена соба, финска сауна, турска бања, соба за масажа, релакс соба, фоаје и тоалети. Овие содржини ќе бидат реализирани од страна на реномираната компанија за спа-центри Пирин експорт.

Концептот е просторот при влезот просторот да е со темен плексиглас, фоајето да е луксузно опремено со топли материјали како фурнир орев, текстил принтови, препариран мов и детали налик злато, додека пак остатокот од просториите се со темни антрацитни плочки со исклучок на тушевите кои се со петролеј боја ѕидни плочки. Додадени се флорални мотиви во собата за масажа и релакс просторот.

Автори

  • Елена Мартиновска, Дипл.инж.арх.
  • Маријана Николовска, М-р Арх.

3д визуелизација

  • Маријана Николовска, М-р Арх.

Фотографија

  • Ана Маљановска

Локација

  • Гевгелија

Интернет страница

  • https://hotelpaintitblack.mk

Година

  • 2020